Нова ковид-мерка: Турција воведува забрана за пушење на јавни места

21

Турција воведува забрана за пушење на јавни места, со цел да се запре ширењето на коронавирусот.

Министерството за внатрешни работи доцна синоќа објавило дека пушењето по потреба ќе биде забрането на фреквентни улици, автобуски постојки и плоштади.

Пушачите не го почитувале правилото за задолжително носење маска, што важи веќе неколку месеци во Турција, како една од мерките за сузбивање на епидемијата.

Според последните податоци во Турција, во изминатите 24 часа од Ковид-19 починале 19 лица, а од избувнувањето на епидемијата вкупно 11.145 лица.