Нова маестрална партија на Дончиќ и нов рекорд (ВИДЕО)

9

Дончиќ играше нешто повеќе од 25 минути и успеа да постигне трипл-дабл, имаше 35 поени, 11 асистенции и десет скока. Тој стана првиот играч со најмалку време поминато на теренот кој направил трипл-дабл со над 30 поени.

Тој стана и најмладиот играч во НБА со два трипл-дабл учиноци по ред а притоа да има 35 или повеќе поени.

Далас првата четвртина ја доби со 44:16, а во тој период Дончиќ веќе имаше 22 поени. Поради огромното водство во продолжението од мечот тој повеќе седеше на клупата отколку што беше на теренот но и за тоа веме оствари неверојатен учинок.

https://www.youtube.com/watch?v=zOzcDieR0jg&feature=emb_title

Резултати:

Филаделфија – Њујрок 109:104
Вашингтон – Сан Антонио 138:132
Атланта – Милвоки 127:135
Бруклин – Шарлот 101:91
Далас – Голден стејт 142:94
Мајами – Кливленд 124:100
Торонто – Орландо 113:97
Чикаго – Детроит 109:89
Минесота – Јута 95:103
Денвер – Хјустон 105:95
ЛА Клиперс – Бостон 107:104