Нова, поинфективна мутација на ковид-19, со потекло од Африка регистрирана во Велика Британија

10

Вторa, веројатно поинфективна варијанта на коронавирус со потекло од Јужна Африка е откриена во Велика Британија, објави британскиот министер за здравство, Мет Ханкок.

Говорејќи на синоќешната прес-конференција, Ханкок рече дека научниците идентификувале два случаи на нова варијанта на коронавирус, која, како што рече, е дури и попренослива од првата мутација која моментално се шири низ Англија, пренесе „Инсајдер“.

И двата нови случаи се откриени кај лица кои биле во близок контакт со луѓе кои неодамна се вратиле од Јужна Африка, појасни Ханкок.

„Оваа нова варијанта е многу загрижувачка затоа што е сепак попренослива и се чини дека повеќе мутираше од новата варијанта што беше откриена во Велика Британија“, додаде Ханкок.

Во меѓувреме, Велика Британија воведе и непосредни ограничувања за патувања од Јужна Африка.