Нова снимка од апсење во Австрија: „Сите кои се вклучени во овој терористички акт и сите други ќе бидат строго казнети“

27

Четири лица и напаѓачот загинаа во терористички напад во Виена, а 22 лица беа повредени.

На социјалните мрежи се појави видео од апсењето на еден човек во Линц, кој наводно е поврзан со нападот во Виена.

Во текот на вчерашниот ден во акции низ Австрија беа уапсени 14 лица поврзани со нападот и напаѓачот

“Ова апсење покажува дека Линц не е заштитен од опасностите од исламски тероризам. Очекувам дека сите кои се вклучени во овој терористички акт и сите други ќе бидат строго казнети. Исламистите познати на властите мора веднаш да бидат депортирани”, рече заменик-градоначалникот Линц коментирајќи го апсењето.