Нова снимка од разговорот на Мицкоски, со Кичеец и Арсовска

48

На каналот „Рекет“ на Јутјуб платформата утрово се објави нова снимка од разговорот во кој се слушаат наводно гласовите на Христијан Мицкоски, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Милески-Кичеец, осуден во случајот „Рекет“ и Слободанка Алексовска, членка на опозициската партија.

Во оваа снимка Мицкоски се жали на активностите и однесувањето на Сашо Мијалков против неговата партија и вели дека тој е против законот со кој се регулира статусот на СЈО, а со тоа и можен прекин на предметот „Империја“.

„… Јас се борам да ваквото СЈО не помине, автоматски неговиот најголем предмет… Ние имаме многу принципиелни позиции, многу цврсти аргументи. И единствен кој што се бори за сите случаи сум јас… Ова помалце делува мазохистички. Ем ме тепаат, ем имаат очекувања од мене. Од друга страна, ваму има Стокхолмски синдром, се вљуби жртвата во киднаперот. Се вљубија во Зоран Заев, сега тој е добриот. А он сака вака да помине за да ги уценува и понатаму и… А јас што се борам за нив, против нив, мене ме тепаат“, вели наводно Мицкоски.

После 21 април сѐ ќе биде поинаку, рекол Мицкоски. На 21 април 2019 година се одржа првиот круг од претседателските избори.