Нова средба на Заев, Вучиќ и Рама во Тирана

7

Во Тирана денеска и утре се одржува третиот состанок во рамки на иницијативата која ја покренаа македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, со цел отстранување на препреките за слободен проток на стоки, луѓе, услуги и капитал.

Според најавите на домаќинот Рама, целта е да се имплементира она што повеќепати е договарано, а потоа оставано на страна.
Состанокот претходно беше планиран да се одржи во Драч, но поради разорниот земјотрес, што го погоди овој албански град, сега средбата ќе биде во Тирана. Се очекува тројцата да го посетат Драч и да разгледаат начини за пружање помош во вонредни ситуации, климатски промени и заштита на животната средина.

На манатиот состанок во Охрид, беше постигнат договор со кој се започна реализацијата на иницијативата, со цел унапредување на инвестицискиот амбиент во трите земји.

Меѓудругото беше договорено 24-часовно работно време на сите инспекциски служби, побрз транзит на стоки, патување во трите земји само со лична карта, како и работните дозволи да се признати во трите земји, како и дипломите. Иницијативата е отворена и за другите пазари во регионот, но претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора изјавија дека немаат дефиниран или позитивен став за иницијативата.

Пред хотелот во Тирана, каде се одржува самитот, беше организиран и протест против посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ.