Нова трагедија во српскиот фудбал

8

Вест за нова трагедија пристигнува од Србија, откако синоќа животот го загуби српскиот тренер Золтан Сабо, кој го предводеше тимот на ТСЦ од Бачка Топола.

Сабо професионалната играчка кариера ја почна во Хајдук од Кула, потоа настапуваше и за Војводина, Партизан, Сувон од Јужна Кореја, Фукуока од Јапонија, Залаегершаг во Унгарија…

Тренерката кариера ја почна како асистент на Томислав Сивиќ во Кечкемет, по што ги водеше и Раднички Сомбор, Хајдук Кула, извесно време беше и помошен тренер во Војводина. Од 2017 година Сбо седна на клупата на ТСЦ и беше предводник на овој проект, најпрвин влезе во Првата лига, па во Супер-лигата, за минатата сезона да испише историја со обезбедување на излез во фудбалска Европа.

„Фудбалскиот клуб ТСЦ е потресен од губитокот на овој извонреден човек, кој даде огромен придонес за напредокот на нашиот клуб. Изразуваме сочувство до семејството на Золтан Сабо“, се вели во соопштението на клубот од Бачка Топола.