Нова трагедија кај Струма: возач загина во сообраќајна несреќа со македонски камион

14

Возач на автомобил загина по сообраќајна несреќа што се случила помеѓу автомобил и македонски камион на патот помеѓу Благоевград и граничниот премин Станке Лисичково.

Камион со македонски регистерски таблички, кој превезувал руда до Асеновград, синоќа во 20 часот, на првата нагла кривина по кружниот тек на автопатот Струма во правец кон селото Зелен Дол, се судрил со автомобил „опел“, пишуваат бугарските медиуми.

Патот бил затворен неколку часа, а други жртви нема. Од резервоарот на камионот истекло големо количество на гориво. Glance