Новинарите не смеат во „Св. Спас“, снимателите и фоторепортерите не смеат да излезат надвор

8

 

Владата утрово ги изненади новинарските екипи со чудна одлука за чествувањето на роденденот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“.

На новинарите не им е дозволен влез во црквата, а од друга страна, снимателите и фоторепортерите не смеат да излезат надвор од црквата во обезбедената зона.

Поточно, во црквата е дозволен влезот на фоторепортерите и на снимателите, но само еднаш – ако влезат не смеат да излезат до пристигнувањето на најавените делегации.