Новиот еврокомесар за проширување во Скопје

21

Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархељи денеска ќе престојува во посета на Северна Македонија. Тоа ќе биде негова прва посета по стапувањето на функцијата еврокомесар. Се очекува Вархеји да оствари средби со владини претставници, на кои најверојатно ќе стане збор за новата методологија за проширување предложена од Франција и за текот на реформите во земјава, особено донесувањето на законот за јавно обвинителство. Земјите-членки на ЕУ не се договорија за почеток на преговори со двете земји, поради противењето на Франција, која пак, услови со нова методологија на преговарање. Европската комисија треба да излезе со предлог за новата методологија до крајот на јануари.