Новиот народен правобранител Зибери даде свечена изјава во Собранието

19

Новоизбраниот народен правобранител Насер Зибери денеска даде свечена изјава пред претседателот на Собранието Талат Џафери.

Зибери беше избран за омбудсман на седницата на Собранието на Република Северна Македонија на 25 јануари годинава. Тој ја наследи функцијата на Иџет Мемети кој беше на чело на институцијата 16 години, односно два мандати по осум години.

Зибери на минатогодишните парламентарни избори, беше предложен за прв премиер Албанец од страна на ДУИ.