Новиот Xbox ќе биде толку евтин, што “PlayStation 5” нема да може тоа да го издржи

По гласините за цената за "PlayStation 5", ни доаѓаат и гласини за цената на "Xbox Series X" - и не може да бидат поубави.

47

Според изворите од индустријата, за кои се вели дека се најдоверливи, “Xbox Series X” ќе биде поевтин од конзолата “PlayStation 5”.

“Microsoft” сака да стане “Netflix” во гејминг индустријата и подготвен е преку конзолата “Xbox Series X” тоа да го претвори во реалност.

“Microsoft” во јули ќе ја претстави својата конзола, чија цена, според изворот на сајтот “BGR” ќе чини само 200 долари, односно 200 евра во ЕУ зоната, што ќе биде преседан и сериозен новитет, кога станува збор за конзолите. “Xbox Series S” ќе биде посебна, поедноставен верзија од “Xbox Series X”, но конкретни детали од таа нова конзола, која би требало да стане реалност во јули, се уште нема.

Според објавените информации, “Xbox Series X” ќе чини од 299 до 399 долари, односно евра за модел без дискови и модел со нив. Исто така, цената од 200 долари за “Xbox Series S” се вклопува во овој поредок, а “Microsoft” планира да стане “Netflix” на гејминг индустријата со помош на претплата за игри, за луѓето помалку да купуваат физички копии од наслови, а повеќе со претплата да ги набавуваат онлајн, преку серверите на “Microsoft”.

Планот е секој месец да се дава барем една AAA игра од “Xbox Studios”, за да се овозможи реализација на ваквите амбиции, но и игри од големите партнерски компании како “Ubisoft”, “EA”, “Square Enix”, “Activision”, “Bethesda” и многу други.