Нови заразени од коронавирусот во Србија – вкупниот број се искачи на 19

8

Досега во Србија од коронавирусот – Ковид-19 се тестирани над 160 луѓе. Во Србија новиот коронавирус потврден е на уште една личност, па според официјалните информации од Министерството за здравје Србија, засега има вкупно 19 заразени од коронавирусот.

Од последните извештаи, од синоќа во 20 часот до утрово во 8 часот, тестирани биле уште 9 луѓе од кои само една била позитивна на Ковид-19.

Досега на српскиот институт „Торлак“ тестирани се примероци од вкупно 160 луѓе.

Владата на Србија вчера забранила јавни собири во затворени простори со над 100 луѓе. Исто така денес ќе бидат затворени и граничните премини кон Босна и Херцеговина.

Со цел заштита од заразата, Србија претходно забранила и влез на странци во земјата кои што доаѓаат од Италија, Кина, Јужна Кореја, Иран и Швајцарија. Исто така таму се откажани и сите детски екскурзии.

Во Србија, првиот случај на Ковид-19 бил потврден во петокот, на 6-ти март кај лице од Бачка Топола.