Нови мерки: Носење на маска секаде, освен за деца и при спортување, забрана за групирање во домовите и на јавни места

71

Венко Филипче, министерот за здравство најави нови мерки кои ќе бидат предложени до Владата. Дел од новите мерки се носење на маска насекаде, со некои исклучоци како што се деца до 6 години, при спортување и при возење во возило на една фамилија, потоа забрането групирање по домовите, и на отворен простор по 22 часот.

„Од анализата на состојбата со пандемијата, на светско, европско и на регионално ново, јасно е декаесенскиот бран е тука, и мора да делуваме за да се заштитиме. Иако е стабилно, може да ескалира, и мора да реагираме.

Согласно анализата, донесовме одлука за препорака на нови мерки, со цел спречување на ширење на вирусот:

-забрана на семејни поголеми собири, прослави и забави во домашни услови. Групирањето во домовите, слави, други собири во групи во едно живеалиште може да бидат најмногу четири лица од една сита фамилија, и плус најмногу четворица други од надвор. Анализите покажуваат дека големиот број од новозаразени се од семејни прослави

– се забранува групирање на јавен простор на повеќе од 4 луѓе после 22 часот. Забрана за собирање во паркови, бензински пумпи итн.

– се воведува задолжително носење на заштитни маски или друга заштитна опрема секаде при престој на отворено, на затворено во било кои јавни објекти, во јавен и приватен транспорт. Исклучок од ова се при спортување, при транспорт во приватно возило ако сите во него се членови на една фамилија, при престој во службени канцеларии ако лицето е само во канцеларија, при седење во кафуле со почитување на мерките. Исклучок за носењње маски имаат и децата до 6 години.