Нови потреси утрово во Петриња

53

Уште еден земјотрес утрово околу 7.50 го погоди хрватскиот град Петриња и околината. Земјотресот се почувствувал и во Загреб.

Сеизмолошкиот завод јави дека потресот е со јачина од 4,2 степени според Рихтер, пренесува „Индекс“.

Областа околу Петриња во Хрватска и претходно беше погодена од земјотрес со интензитет од 3,5 степени по Рихтеровата скала. Потресот беше регистриран во 4.20 часот утрово на два километра североисточно од Петриња.

Синоќа, сеизмолозите известија дека вчера до 20 часот и 40 минути се регистрирани 46 потреси во епицентралното подрачје на Петриња.