Нови снимки од Албанија, последиците од силниот земјотрес (ВИДЕО)

12

Земјотресот што утрово ја погоди Албанија, во кој загинаа најмалку шестмина, а повредени се најмалку 300 луѓе, предизвика и штета, а граѓаните на социјалните мрежи објавуваат снимки и фотографии од последиците.

Силата на земјотресот беше 6,1 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот беше во близина на Драч, на околу 120 километри од Подгорица и околу 70 километри од Улцињ. Се почувствува и во Македонија, како и во другите соседни земји.