Нови тензии пред општинската зграда во Будва, полицијата не дозволува влез за никого

Тензиите околу општинската зграда во Будва и нејзините први луѓе продолжува. Утрово зградата е обезбедена од полиција која пристигнала од Подгорица и недозволува влез на никого во општинските простории.

26

Во општинските простории се наоѓаат само припадници на полицијата, а тоа челните луѓе на општината го нареко воведување на вонредна состојба од страна на припадниците на МВР, пренесуваат црногорските медиуми.

Сменетиот градоначалник на Будва, Марко царовиќ и претседателот на СО Крсто Радовиќ соопштиле утрово дека од полициските службеници добил збо оти никој нема да влезе во општинската зграда и ги замолиле насобраните граѓани да се разотидат. Граѓаните ги послушале челните луѓе на Будва.

Полицијата не им дозволува пристап до службените простории ниту на разрешените, ниту на новото раководство на општината. Забранат за влез во зградата важи и за запослените во администрацијата кои неможат да дојдат на своите работни места.