Нови 1.129 случаи на Ковид-19, починати 27 лица

7

Министерството за здравство информира дека во изминатото деноноќие се регистрирани нови 1.129 случаи на Ковид-19 од направени 4.045 тестирања. Оздравени се 1.152 пациенти, а починати 27 лица.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 143.162, бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати е 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.

Најмногу од новозаразените се во Скопје (458), потоа следува Битола со 96, Куманово – 82, Прилеп – 54, Велес – 47, Тетово – 44, Кавадарци – 36, Гостивар – 33, Штип – 32, Кочани – 28, Кичево – 27, Охрид – 25, Струмица – 22, Валандово – 18, Неготино и Гевгелија – по 17, Струга – 15, Радовиш – 13, Ресен – 10, Берово и Пробиштип – по 7, Свети Николе, Крива Паланка, Делчево и Виница– по 6, Демир Капија, Демир Хисар и Кратово – по 3, Крушево, Богданци и Пехчево – по 2, Македонска Каменица и Дојран – по 1.

Од починатите, 12 се од Скопје (60г, 65г, 66г, 66г, 69г, 73г ,74г, 77г 78г, 78г, 79г и 82г), по три лица се од Битола (60г, 66г и 79г) и Охрид (58г, 66г и 77г). По двајца починати има од Куманово (59г и 75г) и од Тетово (54г и 68г) и по едно починато лице имаат Прилеп (86г), Велес (56г), Гостивар (76г), Струмица (73г) и Кичево (63г). Еден пациент е починат во домашни услови, а останатите се починати во болница.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во земјава од почетокот на пандемијата е 143.162 лица. Бројката на оздравени пациенти е 118.946, на починати 4.289, а бројот на активни случаи изнесува 19.927.