Нови 141 случај на Ковид-19, двајца починати, 175 оздравени

30

Во последните 24 часа се направени 1.848 тестирања, а регистрирани се 141 нов случај на Ковид-19, двајца починати пациенти и 175 оздравени, соопшти Министерството за здравство.

Новозаразените се регистрирани во Скопје-48, Куманово-21, Дебар-2, Штип-15, Прилеп-1, Струга-1, Битола-7, Кавадарци-9, Гостивар-4, Гевгелија-1, Струмица-4, Кочани-4, Пробиштип-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-4, Берово-1, Виница-7, Свети Николе-3, Кичево-5 и Неготино-1.

Филипче: Комисијата предложи учениците до трето одделение во школо, другите онлајн
„Починати се двајца пациенти, еден од Скопје (88 г.) во болнички услови и пациентка од Кичево (80 г.) вонболнички. Институтот за јавно здравје регистрира 175 оздравени пациенти од: Скопје-37, Куманово-27, Штип-56, Прилеп-3, Тетово-5, Битола-1, Кавадарци-4, Гостивар-14, Гевгелија-5, Радовиш-2, Демир Хисар-1, Македонски Брод-1, Свети Николе-11, Кичево-7, Ресен-1“, соопшти Министерството за здравство.

Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 12.357, бројката на оздравени пациенти е 8.662, на починати е 532, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.163. Денес се евидентира еден контролен тест.