Нови 150 случаи на коронавирус, четворица починати

0

Во изминатото деноноќие се регистрирани 150 нови случаи на коронавирус во Македонија од направени 2290 тестов, информира Министерството за здравство.

Во Скопје се регистрирани 84 нови случаи, во Битола 23, Прилеп 9, Охрид 5, Куманово и Гостивар по 4, Кавадарци 3, Тетово, Струмица, Штип, Кичево, Делчево и Демир Хисар по 2, и во Велес, Кочани, Струга, Крива Паланка, Виница и Пехчево по еден нов случај.

Се намалува бројот на заразени, хоспитализирани и починати од ковид-19
Регистрирани сe 246 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице: од Демир Хисар (68г), починато во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, дополнително се пријавени 3 починати лице од Скопје на возраст од 58 до 93 години. Пријавените лица се починати во периодот од 12 до 17 март 2022 година.

Кај сите починати биле регистрирани коморбидитети.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 307.967, бројот на оздравени пациенти е 297.600, на починати е 9.256, а бројот на активни случаи изнесува 1.111.