Нови 29 позитивни на Ковид-19 во последните 24 часа

Во последниве 24 часа регистрирани се 29 нови случаи на Ковид-19 во земјава, со што вкупниот број заболени досега достигна 1723 лица.

127

Согласно податоците од новозаболените 9 се од Скопје, 1-Куманово, 6-Прилеп, 5-Тетово, 2-Струга, 2-Велес, 2-Битола, 2-Охрид.

Бројката е добиена по направени 349 тестови.

Истовремено, од болеста оздравеле шестмина пациенти, со што вкупниот број на излекувани достигна 1235.

Според извори на Алсат, починал еден пациент од Велес, на возраст од 70 години, но случајот ќе биде запишан во утрешниот изештај на Министерството за здравство.