Нови 29 случаи на коронавирус во Македонија, најголем дел од Скопје, вкупната бројка сега изнесува 114

3

Во земјава во изминативе 24 часа регистрирани се 29 нови заболени од коронавирусот. Најголемиот дел од заразените се од Скопје.

Сега бројката на заразени се искачи на 114 лица во нашата земја.

Повеќе детали за новозаболените како и со состојбата за коронавирусот ќе бидат соопштени на прес-конференцијата на министерот Венко Филипче во 15 часот.