Нови 306 работодавачи добиле пари од државата, а не дале плата

23

Уште 306 работодавачи ја злоупотребиле финансиската поддршка за исплата на плати за месец декември, обелодени директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска.

Работодавачите кои не ја исплатиле платата, добиле опомена, а по рокот, ќе следува блокада на сметките и пренос на сметките на вработените лица. Најголема злоупотреба е забележана во дејностите трговија на мало, угостителство и градежништво.