Новогодишни пакетчиња за децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и во Битола

71

 

Децата од Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје и во Битола добија донација од новогодишни пакетчиња.

– Донацијата на новогодишни пакетчиња во „Витаминка“ стана традиција, што секоја година ја спроведуваме со посебен фокус на децата од социјален ризик или децата со посебни потреби. Ова произлегува од нашата политика како општествено одговорна компанија, да помогнеме онаму, кај што е најпотребно и да придонесеме за секое дете да ги почувствува задоволството и радоста на новогодишното дарување. Затоа, со нашите донации се трудиме да опфатиме што повеќе деца и од целата држава, истакна Симона Симоновска, шеф на маркетинг во „Витаминка“.

Како што е посочено во соопштението од компанијата, во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Скопје се згрижени 80 деца. Во Заводот за рехабилитација на слух, говор и глас во Битола, 35 деца. Во овие две здравствени установи се третираат пречките во говорот, слухот и гласот кај деца од целата држава.