Новогодишeн џез-концерт „Приказна за еден град“ утре во Битола 

7

„Приказна за еден град“ е насловот на годинешниот новогодишен џез-концерт на Jazzna & Friends, што ќе се одржи во Битола, во Центарот за култура, на 26 декември, четврток, со почеток од 20 часот.

На настанот ќе настапат извонредните музичари Џон Илија Апелгрин, Оливер Јосифовски, Дамир Имери, Славчо Коцев, Ади Имери, Сенад Хусеин, Рики Трајановски и Демир Кантуровски, кои заедно со вокалистката Јасна Димитровска ќе направат вистинска џез-бајка од познати кавери изведени во џез-манир.

Каков ќе беше животот без џез добро знаат љубителите на овој музички правец, а битолската публика уште на првиот ден од продажбата на билетите ја распродаде големата сала на Центарот за култура во Битола.

Оваа година концертот има и мисија преку музиката да направи спој со уметноста создадена од битолските ученици вклучени во треш челинџ-акцијата „Мети си со класнето“ создавајќи уметнички скулптури од смет, кои ќе бидат изложени во фоајето на Центарот за култура пред почетокот на овој голем концерт.