Новоформираната партија „Продолжуваме со промени“ победи на изборите во Бугарија

3

Новоформираната партија „Продолжуваме со промени“ е во тесно водство на третите по ред параментарни избори кои вчера се одржаа во Бугарија. Првичните анкети покажуваат дека оваа центристичка партија освоила 26,3% од гласовите, пред партијата на Бојко Борисов ГЕРБ, која освои 21%.

Формирана пред само неколку недели од двајцата дипломци на Харвард, Кирил Петков и Асен Всилев, партијата брзо ја доби наклонетоста од граѓаните поради нивните уверувања за анти-коруптивните акции, нула толеранција за корупцијата, како и реформи во клучните сектори.

Но, во Бугарија сепак следат денови на неизвесност со оглед на тоа што ке бидат потребни денови за формирање на новата влада. Кирил Петков, кој веројатно ќе биде нов бугарски премиер, во својата прва изјава, зборуваше и за односите со Македонија.