Нов Зеланд го уништи коронавирусот: За првпат нема новозаболени, а од почетокот на пандемијата починаа само 20 лица

На Нов Зеланд, земја со популација од речиси 5 милиони жители, денес не е регистриран ниту еден нов случај на Ковид-19, за прв пат од 25-ти март кога беа воведени строги рестриктивни мерки.

27

Првиот човек на директоратот за здравство, Ешли Блумфилд изјави на конференцијата за новинари дека тоа е причина за славје. Тој исто така го нагласи и бројот на починати кои властите успеале да го задржат на само 20 лица.

„Ова е прв пат да немаме новозаразени и сакаме така да остане. Ова е резултат на напорите кои сите ги вложивме“, изјави Блумфилд, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“.

Во Нов Зеланд минатата седмица беа укинати строгите рестриктивни мерки во чии рамки повеќе од еден месец беа затворени училиштата, претпријатијата, трговските центри, рестораните, игралиштата и сите останати јави површини, а и натаму се останати на сила уште неколку рестрикции.

Милиони студенти и ученици и натаму ја следат наставата од дома, а наскоро ќе следува „целосно рестартирање“ на економијата.

Меѓу другото, Блумфилд нагласи дека луѓето ќе мора да продолжат да одржуваат социјална дистанца за да не се врати вирусот.