Нов Зеланд збунет: Новите случаи на корона се увезени преку смрзната храна?!

14

Властите во Нов Зеланд истражуваат дали првите случи со ковид-19 кои се појавија по 102 дена без локална трансмисија, се резултат на вирус пристигнат на увезени пакувања замрзната храна, јави Ројтерс.

Откако беа откриени четворица заразени членови на едно семејство во Оукленд, премиерката Џасинда Ардерн повторно воведе строги ограничувања на движењето во најголемиот град во Нов Зеланд и ги ограничи патувањата во целата земја.

Познато е дека двајца членови од заразеното семејство посетиле туристички места јужно од Оукленд, оддалечени три часа возење, додека имале симптоми, а третиот заминал да работи во финансиска компанија во Оукленд, исто така со симптоми.

Повеќе од 200 луѓе се идентификувани како блиски или случајни контакти со семејството и здравствените службеници се подготвуваат за тестирање десетици илјади луѓе во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира
Трета недела трае трендот на намалување на новозаболени и…

МИА 12/08/2020
Во Грција 961 заразени со ковид-19 за една недела

МИА 11/08/2020
Изворот на епидемијата ги збуни здравствените власти кои велат дека се уверени оти на Нов Зеланд немало локална трансмисија на вирусот 102 дена и дека семејството не патувало во странство.

-Напорно работиме на составување на делчињата од сложувалката за тоа како ова семејство се заразило. Знаеме дека вирусот може да преживее во смрзната околина некое време – вели министерката за здравство Ешли Блумфилд.

Испитувањата откриле можност за потенцијален увоз на вирусот на замрзната храна.

Блумфилд вели дека во тек е тестирање на површината во разладен погон во Оукленд каде работел еден член од семејството. Заразениот маж е на боледување неколку дена, а сите вработени се пратени дома.