Нов Зеланд поради еден нов случај на Ковид-19 воведува локдаун

4

Нов Зеланд денеска го пријави првиот случај на Ковид-19 во земјата после речиси шест месеци, соопштија здравствените работници, а премиерката Јацинда Ардерн поради тој случај најави ново затварање на земјата, пренесува Гардијан.

Министерството за здравство на Нов Зеланд соопшти дека првиот случај на коронавирус бил пријавен во Аукланд.

Локдаунот во градот ќе трае една недела, а во целата земја ќе трае три дена. Ардерн изјави дека властите претпоставуваат дека новозаболеното лице е заразено со делта сојот, но тоа се уште не е потврдено.

Последниот случај со Ковид-19 во Нов Зеланд бил регистриран на 28-ми фебруари.

На Нов Зеланд има 5 милиони луѓе, а беа забележани вкупно 2570 случаи на вирусот со 26 смртни случаи во текот на пандемијата.