Нов земјотрес од 4.9 степени утрово ја потресе Хрватска

7

Утрово во 6 часот и 15 минути Хрватска ја потресе нов земјотрес кој според првите информации е со интензитет од 4.9 степени по Рихтер. Потоа во 6 часот и 27 минути почувствуван е уште еден потрес.

Вчера Хрватска беше погодена од земјотрес со интензитет од 6.2 степени кој го срамни со земја градчето Петриња оддалечено 48 километри од Загреб.