Нов земјотрес утринава во Хрватска: За еден ден се забележани 90 нови потреси

24

Земјотрес со сила од 2.9 по Рихтер бил почуствуван утринава во 7.11 часот на подрачјето на Петриња, Сисак и Покупск, пренесува ЕСМЦ.

Епицентарот бил кај Покупско, на 34 километри од Загреб, на длабочина од 15 километри.

Според ЕМСЦ, од синоќа од 21 часот Хрватска ја погодиле повеќе од 10 земјотреси, а најсилниот бил околу еден часот по полноќ со јачина од 2.5 по Рихтер.

Во Хрватска од 3 јануари до 4 јануари во 17 часот се регистрирани 90 земјотреси на подрачјето Петриња, кое изминатата недела беше погодено од земјотрес со јачина од 6,2 по Рихтер, покажуваат податоците на Сеизмолошката служба на Хрватска.

Од нив 59 земјотреси се регистрирани на 3 јануари, а 31 е забележан на 4 јануари до 17 часот, пренесува порталот Индекс.хр.