Нов концепт на книжење на капиталните инвестиции, годинава планирани 800 милиони евра

3

 

Со КАПЕФ механизмот  и зголемената посветеност лани имавме највисоко ниво на реализирани капитални инвестиции во износ од 465 милиони евра или речиси 90 проценти од проектираното, а годинава по тој основ се предвидени околу 800 милиони евра, информира денеска премиерот Димитар Ковачевски.

Фактите, рече премиерот, покажуваат дека и покрај тоа што минатата година беше критична од повеќе аспекти, што оставаше сомнеж дека нема да се успее, сепак имаме реализација  на капитални проекти  од речиси 90 проценти од проектираното, што е највисок процент во споредба со претходните 10 години.

-Сето ова го направивме со цел да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните, рече на прес-конференција Ковачевски.

Во одговор на новинарско прашање за разликата на регистрираните реализирани капитални инвестиции во ноември лани  со износот на крајот на годината, соопшти дека веќе се работи на нов концепт на книжење на инвестициите.

-Принципот на книговодствено водење на капиталните инвестиции е врз основа на завршени и платени работи, а реализацијата на фактурите, односно плаќањето во најголем дел се врши на крајот на годината и затоа секогаш е најголема во последниот квартал. Тоа е така сега, но веќе работиме на нов концепт на книжење на инвестициите, така како што е во голем број држави и во корпорациите, а тоа значи инвестициите да се книжат како реализирани во моментот на нивната реализација и прием врз основа на времени ситуација или врз основа на прием во употреба, а не во моментот кога се плаќа фактурата. Кога тоа ќе биде направено ќе има и порамномерна месечна распределба на капиталните инвестиции, рече Ковачевски.

Споредено со 2014. година кога капиталните инвестиции беа во вредност од 286 милиони евра, како што рече премиерот, тие лани се искачија на 465 милиони евра, што е зголемување за повеќе од 60 проценти. -Се бележи пораст на капиталните инвестиции во повеќе ресори кои се клучни за развојот на државата, а само во последните три години во услови на пандемија и светска енергетска и економска криза се реализирани капитални инвестиции во вредност од 1,1 милијарда евра, наведе премиерот.

Најдобра реализација во капиталните инвестиции лани имале министерствата за транспорт и врски, за внатрешни работи, за одбрана, за образование и за труд и социјална политика.

Појаснувајќи на што го темели оптимизмот за планираните 800 милиони евра капитални инвестиции за годинава Ковачевски рече дека очекува годинава да почнат работите на Коридор 8 и Коридор 10.д,  за изградба на автопатските  делници Тетово-Гостивар, Гостивар-Кичево, Требениште-Струга -Ќафасан, како и Прилеп Битола,  а за што и официјално е избран надзор и консултант.  Од Буџетот за таа намена се одвоени 234 милиони евра.

-Годинава ќе заврши и изградбата на автопатот Кичево-Охрид, каде има реализација од над 75 проценти. Оваа година ќе привршуаваат и работите на Коридор 8 кон Бугарија, каде исто така се работи на комплетно нова делница, привршува и првата фаза на автопатот кон Блаце, а во тек е проектирање на втората фаза. Ќе биде пуштена и браната Конско, што е втора по големина направена во државата, рече Ковачевски.

Тој одделно по ресори ги наброја реализираните и планираните проекти, потенцирајќи дека во мандатот на оваа Влада се изградени и обновени 1300 километри патишта и се инвестирани над милијарда евра. Тој ја спомена и инвестицијата во железницата кон Бугарија од вкупно 600 милиони евра која ќе се гради во три фази, активностите за гасификацијата, опремувањето на Армијата, полицијата, здравството,  изградбата и обновата на училиштата и градинките, проектите во земјоделството, животната средина