Нов пораз на Лејкерс, Нуркиќ подобар од Јокиќ (ВИДЕО)

8

Лејкерс се опушти откако го завери првото место на Западот, па веќе врза два убедливи порази по ред, овој пат загуби од Хјустон со 113:97, Нуркиќ ја доби балканската битка против Јокиќ, Портланд со 125:115 го совлада Денвер.

Леброн Џејмс не настапи на синоќешниот меч против Хјустон, Лејкерс се опушти по завереното прво место на Западот и сега веројатно со мислите е кон почетокот на плејофот.

На синоќешниот меч Хјустон беше подобар во целиот тек и на крајот славеше убедливо со 113:97.

Џејмс Харден со 39 поени, 12 асистенции и осум скока беше најдобриот поединец на теренот, Кузма во составот на Лејкерс реализираше 21 поен, Ентони Дејвис 17 поени, а имаше и 12 скокови.

Портланд оствари многу важна победа во трката за осмата позиција на Западот, тие го совладаа Денвер со 125:115.

Лилард имаше фантастична партија, постигна 45 поени, имаше и 12 асистенции, кај Денвер најдобар беше Портер со 27 поени и 12 скокови.

Јусуф Нуркиќ даде одличен допринос во победата постигнувајќи 22 поени, Никола Јокиќ реализираше скромни за него осум поени, имаше и 13 асистенции.

Резултати:

Сакраменто – Њу Орлеанс 140:125
Милвоки – Мајами 130:116
Феникс – Индијана 114:99
Далас – ЛА Клиперс 111:126
Денвер – Портланд 115:125
Хјустон – ЛА Лејкерс 113:97