Нов сој на коронавирус откриен во Франција

17

Нов сој на коронавирусот е откриен во францускиот регион Бретања, соопшти Министерството за здравство на таа земја.

Во соопштението се вели дека првобитните анализи не покажале дека овој нов сој е посериозен или попренослив во однос на другите соеви, пренесе „Ројтерс“.

Министерството вели дека новиот сој е пронајден кај повеќе случаи во болничкиот центар во градот Лањон.