Носење заштитна маска не се препорачува на отворено, кога нема луѓе во близина

76

Министерот за здравство, д-р Венко Филипче, синоќа гостуваше во емисијата Детектор на Сител телевизија.

Меѓу другото, тој појасни кога е најефикасно да се носат маски за заштита од коронавирусот, а кога нема потреба.

„На отворено кога нема луѓе во близина маска не се препорачува. Да ги почитуваме советите за одржување на дистанцата, за миење и дезинфекција на рацете, бидејќи не знаеме кој човек е во период на инкубација“, рече Филипче.

Погледнете го извадокот од емисијата објавен на неговиот официјален Facebook профил: