Ноќеска во Хрватска нови земјотреси ги вознемирија граѓаните

37

Два послаби земјотреси со јачина од 2,8 и 2,3 степени според Рихтер, ноќеска ги вознемирија граѓаните на Сисак и Петриње, кои се уште не ги заборавија вчерашните два потреси кои рано наутро се случија во тоа подрачје.

Првиот земјотрес се случил во 1:19 часот, додека вториот нешто пред 7 часот утрово.

„Кратко траеше, но се почувствува“, велат жителите, пренесува „Дневник“.

Вчера се случија два земјотреси од 5,2 и 5,0 степени кои придонесоа за материјални штети.

Сеизмолозите велат дека очеквуани се афтершокови од вчерашните два силни земјотреси.