Нухиу: Косовскиот заменик министер нема да се сретне со осудените

6

Заменик-министерот за правда Агим Нухиу потврди дека утре ќе има средба со неговиот косовски колега Блерим Салаху, но дека не е предвидена средба со осудените косовски државјани во случајот „Диво Насеље“.

Во изјава за МИА, Нухиу попладнево рече дека ќе се сретне со Салаху и оти е предвидена средба со раководството на затворот „Идризово, но не и со затворените лица.