Обама: Жените се несомнено подобри од мажите

29

Кога жените би ја воделе секоја земја во светот, би дошло до значително подобрување на животните стандарди, изјави поранешниот американски претседател Барак Обама.

Жените не се совршени, но „несомнено се подобри од мажите“, заклучи Обама во говорот на самитот на Фондацијата Обама во Сингапур.

Тој призна дека додека бил претседател (од 2008 до 2017 година), замислувал како би изгледал светот ако го водат жени.

„Жени, сакам да знаете, не сте совршени, но можам прилично без сомнение да кажам дека сте подобри од нас“, рече Обама, предизвикувајќи смеа од публиката.

„Апсолутно сум убеден дека за две години ако сите земји во светот се водени од жени, ќе забележиме значително подобрување во речиси сè… животниот стандард и резултатите“, рече Обама, пренесе Би-би-си.

На прашањето дали некогаш размислува да се врати во политичкото лидерство, тој рече дека верува во лидерите да се тргнат настрана кога ќе дојде време.

„Ако го погледнете светот и ги погледнете проблемите, обично станува збор за стари лица, обично стари мажи, кои не сакаат да се тргнат од патот“, рече првиот афро-американски претседател.

„Важно е политичките лидери да се обидат да се потсетат дека се таму за да ја сработат работата, не се таму за цел живот, не се таму да го зајакнат своето чувство за сопствената важност и својата моќ“, предупреди тој.

Обама и неговата сопруга Мишел ја основаа Фондацијата Обама, откако тој ја напушти Белата куќа, со цел менторство на млади лидери ширум светот.