Обамејанг го снема сред натпревар: Капитенот на Арсенал мораше да оди во тоалет (Фото)

24

Капитенот на Арсенал, Пјер Емерик Обамејанг истрча во соблекувалните иако натпреварот против Брајтон беше во полн ек, а неговиот тим имаше негатива од 2:1.

Габонецот очигледно имаше потреба да оди во тоалет, па истрча во соблекувалнитеи го немаше на теренот неколку минути.

Зачудувачки, фановите на Арсенал го нападнаа фудбалерот затоа што исчезнал наеднаш, додека во негова одбрана застана привремениот тренер на клубот, Фреди Љунгберг.

– Јас всушност не ни забележав дека тој излегол, само го видов како се враќа по неколкуминути. Кога мора да одиш, мора да одиш, нема ништо страшно во тоа, -изјави Љунгберг кој ја продолжи негативната серија резултати со тимот на Арсенал.

„Топчиите“ сега немаат победа на цели девет натпревари со ред, што е најлош период во последните четири децении.