Обвинетите за 27-ми април бараат да им се суди во Хаг

5

Пратеникот Трајко Велјановски и поранешните функционери Спиро Ристовски, Миле Јанакиевски и Владимир Атанасовски не сакаат да им суди скопскиот кривичен суд туку меѓународен кривичен суд во Хаг кој постапува за дела како геноцид, воени кривични дела, криминал протв човештвото и насилен криминал.

Нивната одбрана ова го побарала пред почетокот на седницата за оценка на обвинението. Мегу аргументите одбраната ги наведува неекстрадирањето на Дејан Давидовски за 27-мк април но и одлуките на Унгарија и Грција да не ги испорачаат експремиерот Груевски и разузнавачите Грујевски и Бошковски.

Претседателот на Кривичен им одговорил дека барањето го доставиле на погрешна адреса.

Судот не може сам да одлучи дека не е надлежен и да го испрати предметот во мегународен суд, брифираат од Кривичен. За ова барање ги препраќа да се обратат до министерство за правда.

Но седницата закажана за во 9,30 утрово на која не им беше дозволено на новинарите да присуствуваат, се одлагаше неколку пати во текот на целиот ден и на крај не ни почна.

Одбраната информираше дека барале изземање. Судијка од тричлениот советот за оценка постапувала во друг предмет поврзан со 27 ми април но исто така лајкнала статус на фејсбук за апсењето на Владимир Атанасовски. Претседателот на судот ги одбил со образложение дека не е утврдена пристрасност кај судијка но и дека не може да биде изземена затоа што постпувала во друг предмет со други обвинети за 27 ми април.

Адвокатите ќе се жалат до апелација на ваквата одлука поради што за денеска пропадна можноста да се одржи седницата на која требаше да се сослушаат аргументите за и против обвинението. Нов трет обид за оценка е закажан за 23ти декември.

Обвинението беше поднесено на крајот на март годинава.

А повеке месеци судот не закажуваше оцена бидејки најголем дел од судиите за организиран криминал морале да се изземат.

Откако се формираше совет за оценка со судии и од други оддели првиот пат одбраната побара увид во доказите