Обвинителството влезе во ДИК, ќе го проверува тендерот за софтверот кој го доби „Дуна“

43

По скандалот што се случи на изборниот ден кога сајтот на ДИК падна и граѓаните не можеа да ги гледаат изборните резултати, Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција утрово влезе во ДИК и ја одзема тендерската документација за софтверот. Информацијата за Фокус ја потврди шефицата на организиран криминал, Вилма Русковска.

-Со наредба на судија на претходна постапка се одзема тендерската документација за набавка на софтверот за да се провери дали набавката била согласно Законот за јавни набавки, вели Русковска за Фокус.

Постапката за софтверот е отворена по допрен глас, откако по падот на сајтот се откри дека тендерот за софтверот еднаш бил поништен за потоа преку постапка со преговарање без објавување на оглас, надградбата на софтверот да ја добие компанијата „Дуна“.

Досега софтверот за изборните резултати го одржуваше компанијата Ајвоут која два пати се жалела на изборот на Дуна.

Од ДИК засега нема никакви информации што се случува таму.