Обвинителството нема да го гони Коце Трајановски за изборот на директор на Водовод

8

Oбвинителството нема да го гони Коце Трајановски за изборот на директор на Водовод
Поранешниот градоначалник на Скопје Коце Трајановски и уште три други лица нема кривично да одговараат за злоупотреба на службената положба и овластување во врска со изборот на директор на ЈП „Водовод и канализација“ Скопје, потврди Скопското обвинителство.

Кривичната пријава на полицијата била отфрлена поради застарување на делото, велат оттаму.

Одлуката за избор на директор на Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ Скопје е донесена и потпишана на 11.02.2015 година, па согласно тоа застареноста на кривичното гонење за Коце Трајановски кој, извршувајќи ја функцијата градоначалник лично ја донел и потпишал одлуката, настапила на 11.02.2018 година. Застареноста за претседателот и двајца членови на комисијата за спроведување на постапката за избор настапила на 22.01.2018 година, кога изминале три години од дејствијата на пријавените кои го исполнуваат битието на делото, велат од Обвинителството.