ОБВИНИТЕЛСТВО: РАШКОВСКИ ДОГОВАРАЛ ТЕНДЕРИ ПОД ПСЕВДОНИМ „ПЕРО“

9

Поранешниот генерален секретар на Владата и неговите соработници ги местеле тендерите со договарање преку електронска комуникација, тврдеше обвинителството за гонење организиран криминал и корупција на денешното рочиште за случајот „Софтвер“.

Обвинителката Ивана Трајчева презентираше преписки на вибер меѓу обвинетите како докази дека тие се виновни за местење тендери. Обвинителството тврди дека во пораките дел од обвинетите го прашуваат Рашковски дали да конкурираат на еден од тендерите по што тој има дава зелено светло да ја подготват документација.

На ова реагираше Рашковски и побара обвинителката Трајчева да му покаже како е утврдена автентичноста на преписките.

ТЕЛОП Драги Рашковски

„Да се оди на десен клик на документот и ‘пропертис’ за да видиме кога е креиран, кој го креирал, која е автентичноста и каде што има слика да видиме како е импортирана, од кој извор… Ова е некаква приказна напишана на Ворд”,

Обвинителката, пак, одговори дека презентираните преписки се релевантни за судската постапка и се селектирани од истражниот центар на обвинителството.

„Ова од причина што во уредот има комуникации кои воопшто не се однесуваат на предметниот настан, има и приватни комуникации… Со оглед дека откако е прегледен целата содржина која е екстрахирана од уредите, Обвинителството има направено анализа на доказите. Затоа таквите пораки се сублимирани во еден извештај”, изјави Ивана Трајчева обвинителка.

Според обвинението, обвинетите се гонат за кривичните дела „злоупотреба на службена положба и овластување” и „Перење пари и други приноси од казниво дело”.