Објавена посмртницата на Коби Брајант, смртта на легендата била „брза“

7

Според посмртницата на Коби Брајант, која ја објавија американските медиуми, кошаркарска легенда загинала во „пад на патнички хеликоптер“, а неговата смрт дошла „брзо“.

Во документот се вели дека Брајант починал во „пад на патнички хеликоптер“, а како официјална причина за смртта е наведена „остра траума“, а за „временскиот интервал помеѓу почетокот на траумата и смртта“ е наведено дека бил „брз“.

Во делот „место на смртта“ е испишано „планина“.

Според посмртницата, Коби Брајант и неговата 13-годишна ќерка Џиана биле погребени во петокот, на 7 февруари 2020 година.

Брајант и Џиана загинаа на 26 јануари со уште седум други луѓе во пад на хеликоптерот на Брајант кај Лос Анџелес.