Објавени резултати од пописот на населението: Србија има 6,7 милиони жители

71

 

Пописот на населението спроведен од 1 до 31 октомври покажа дека моментално во Србија живеат речиси 500.000 луѓе помалку во споредба со последниот попис во 2011 година. Според првите резултати, во Република Србија живеат 6.690.887 жители, а собрани се податоци за 2.520.854 домаќинства и 3.628.175 станови. Најнаселени градови по Белград се Нови Сад и Суботица. Конечните резултати ќе бидат објавени од април 2023 до јуни 2024 година.

Во неколку поголеми градови собирањето податоци на терен беше продолжено до 7 ноември, а граѓаните кои не беа попишани добија дозвола телефонски да се попишуваат до 17 ноември. Вкупниот број на жители е намален за 495.975, или за 6,9%, во однос на последниот попис. Намалување на бројот на жители е забележано во сите региони (околу 10%), освен во белградскиот регион каде што бројот на жители е зголемен за околу 1,6%.