Објавени фирмите кои добиле парична помош, а не исплатиле плати за месец декември

17

Стотина фирми со различна дејност, иако добиле државна финансиска помош за исплата на плати тие не го сториле тоа. Се работи за 78 компании од дејноста трговија на мало кои примиле помош во износ од 2,2 милиони денари, а не исплатиле плата на 145 вработени, потоа 44 фирми од дејноста подготовка на оброци и служење храна кои примиле 2,2 милиони денари и не исплатиле плата на 130 вработени, како и 26 фирми од градежништвото кои добиле помош од 944 илјади денари и не исплатиле плата на 57 вработени.

Владата го објави и списокот на сите компании кои не ја подмириле обврската да исплатат плати. Меѓу фирмите што ја злоупотребиле финансиската поддршка се и од транспортната дејност, трговија на големо, трговија на големо и мало со моторни возила и мотоцикли и услужни дејности.

Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, информираше дека се пратени опомени до компаниите, и предупреди доколку не ја исплатат помошта, ќе следи присилна наплата со блокада на паричните средства на нивните сметки и пренос на средствата на сметките на вработените и уплатните сметки на УЈП.

Во декември лани, вкупно 13 162 компнии добиле државна поддршка за 60 986 вработени во износ од околу 961 милиони денари.