Објавено името на полицаецот која пукаше во Џејкоб Блејк и покрена нов бран протести во САД

56

Три месеци по смртта на Џорџ Флојд, кој беше загушен од страна на полицаец белец во Минеаполис, во САД повторно се јавува бес поради расизмот и полициското насилство.

Младиот Афроамериканец Џејкоб Блејк, тешко повреден во акцијата на полицијата која уште еднаш претера со употребата на сила поттикнувајќи противрасистички протести во САД и бојкот на кошаркарите на НБА лигата, имал нож во својот автомобил, соопштија во средата властите од Висконсин.

Во соопштение од министерството за правосудство на таа сојузна држава на северот од САД се наведува дека полицијата стигнала на местото на настанот во Кеноша после телефонски повик од жена која рекла дека кај неа е „пријател кој не смее тука да биде“.

Кога излегле на терен, се додава во соопштението, полициските службеници „безуспешно се обидувале да го уапсат“ Блејк со помош на електричен парализатор (електрошокер).

29-годишниот татко семејството го предупредил дека кај себе има нож, рекоа месните власти.Истражителите го пронајдоа ножот под автомобилот во кој немало друго оружје, додаваат властите, откривајќи го името на полицаецот кој испука седум куршуми во грбот на младиот човек: Растен Шески. Засега привремено е отстранет од должноста заедно со уште еден колега.

Три месеци по смртта на Џорџ Флојд, кој беше загушен од страна на полицаец белец во Минеаполис, во САД повторно се јавува бес поради расизмот и полициското насилство.

Неколкумина кошаркари, почнувајќи од играчите на соседниот Милвоки, одлучија во знак на солидарност да ги бојкотираат натпреварите, поради што НБА одложи три натпревари планирани за средата. „Бараме промени, Доста ни е“, објави на Твитер најдобриот играч на Лос Анџелес Лејкерс Леброн Џејмс.

Протестните поворки секоја ноќ прераснуваа во насилство во Кеноша во кој се судираат демонстраните и полицијата.

Во услови на крајна напнатост две лица се убиени од огнено оружје, а трето е рането малку пред полноќ под неразјаснети околности.

Седумнаесет годишниот Кајл Ритенхаус, кој живее во соседното место Антиоча, во сојузната држава Илионис, на 30-тина километри од Кеноша, е осомничени за две убиства и во притвор чека покренување на обвинение, соопшти локалната полиција.