ОВА БЕШЕ НАЈШОКАНТНОТО ИЗДАНИЕ НА МЕТ ГАЛА: Kој се крие зад маската? (ФОТО)

28

Старлетата Ким Кардашијан носеше едно од највпечатливите парчиња на годинешната Мет Гала и повторно стана sвезда на вечерта.

Кардашијан се појави во црн фустан на високата мода со потпис на „Баленсијага“, а во комбинација на аутфитот носеше соодветна маска за лице и наметка.

„Целосно криејќи ги цртите на лицето и фигурата, оваа комбинација на ријалити ѕвездата ѝ даде нешто што го немаше долго време – анонимност“, заклучува модниот магазин „Вог“, чија уредничка Ана Винтур е организаторката на најпрочуениот моден настан Мет Гала.

Таа се појави на црвениот тепих во друштво на Демна Гвасали, дизајнерот на „Баленсијага“, која исто така беше маскиран, па многумина првично мислеа дека е придружувана од музичарот Канје Вест, со кого е во процес на развод.

Сепак, извори за американските медиуми открија дека токму Канје ги запознал Демна и Ким и ја охрабрил најпознатата светска старлета да ги помести границите на модниот свет.

Ким беше снимена во слично издание вчера во хотелот „Риц“ во „Њујорк“.