Ова е новата болница во Кина во која ќе се лечат заразените од коронавирусот (ВИДЕО)

4

Кинезите во текот на викендот ја довршија болницата со околу 1.000 кревети чие градење почна на 23 јануари. Новата болница во Вухан беше завршена вчера, на 2 февруари.

За изградбата на целата болница од нула им беа потребни десетина дена.

Станува збор, нормално, за болница што се изгради поради појавата на смртоносниот коронавирус, кој се појави токму во Вухан, и каде што до денес остана жариштето.

Новата болница се простира на околу 25.000 квадратни метри и има 1.000 кревети, пишува Пиплс дејли, државниот кинески весник.

Од вирусот досега умреа над 300 луѓе во Кина, а се прошири низ 22 земји во светот, во кои има 14.000 пријавени заразени луѓе.