Ова е состојбата со активни пожари на територијата на Македонија до 8 часот

5

Состојба со активни пожари до 8:00 часот на ден 05.08.2021 г.
Битолски регион
На територијата на ЕЛС Прилеп има 2 активни пожари на отворен простор и тоа:
-во атарот на селата Дрен-Смолане каде гори сува трева и шума и е во близина на објекти.
-пожар кој започна на ден 02.08.2021 во 13.10 во атарот на с.Топлица се проширил во атарите на с.Ракле и с.Никодин. Гори сува трева, а во повисокиот дел и густа шума.
На двата пожари од раните утрински часови во гаснење учествуваат 9 пожарникари со 4ПП возила и 28 припадници на АРМ и вработени ,,Црн бор,,-Прилеп
Струмички регион
Утрово на пожарот кај Погана се излезени 2 ПП возила од ТППЕ Валандово со 7 пожарникари, 14 од ШС Саланџак-Валандово, 30 припадници на АРСМ, ДЗС Валандово 7, ЕВН со 7 вработени 1 цистерна за вода и 1 теренско возило, од РЕК Битола и здружение од Битола 9 луѓе исто така се излезени 13 вработени од ПШС Кожув.
Кумановски регион
Пожар во с.Мургаш, гори сува трева и истиот може да се прошири према куќите. За пожарот се известени ТППЕ Куманово, ДЗС Куманово и општина Куманово.
Во моментот активни пожари има во с.Довозенце, с.Горно Јачинце и с.Градиште, информациите се добиени од ТППЕ Куманово чии екипи сеуште се на терен.
Во Општина Кратово пожарот во с.Коњух е сеуште активен на непристапен терен. На терен се ТППЕ Кратово со 1 возило и 3 пожарникари и 4 четворица вработени од Шумското стопанство.
Штипски регион
Пожарот на потегот с.Костин дол-с.Ново село од нокеска е повторно активен. На терен се екипи од ТППЕ-Кочани, ШС Осогово, Водостопанство и МЗШВ.
Пожарот кој Стар Истевник сеуште е активен. Од раните утрински часови на терен се распоредени екипи на АРСМ, ЦУК, ДЗС, НШ, ЈП, дел од екипата од Бугарија како и месно население. Само од АРСМ има 200 луѓе. Против пожарна екипа од Кочани.
Инфромација од Раководителот на РЦУК Делчево од лице место, е дека на теренот се распоредени екипи на НШ, ГП, КП, АРСМ, во многу голем број месно население и доброволци. На теренот видливоста е многу намалена и има многу дим, што го отежнува гаснењето на пожарот.